Петар Печков
Објавено: среда, 06 мај 2026
Средното економско училиште „Јовче Тесличков“ од Велес го одржа нивниот отворен ден, каде се претстави со можностите кои ги нуди за образование. На штандовите и во кабинетите, деветто одделениците од велешките основни училишта, имаа можност лично да видат кои образовни профили тука се изучуваат.
„Ги запознаваме деветто одделенците со образовните профили што како образование ги нуди училиштето, економија, право и трговија. Потоа сите наставни и вон наставни активности, како и просторните услови со кои располага и каде се изведува наставата. Зошто учениците да се запишат во нашето училиште. Секторите економија, право, трговија. Бидејќи економијата реално е таа која го движи светот. Потоа економијата ја поврзуваме со информатиката, дигиталниот маркетинг, кој е најатрактивен и најбаран а младите го работат. Важно е сметководството и осигурувањето и шпедицијата кои се дел од економијата а трговијата е дел од бизнисите, кои се дел од неа. Тука се и деловните партнери со кои имаме склучено меморандуми за соработка, каде учениците реализираат практично образование. Тоа е во едукативен и промотивен дел, дополнително учениците организираа забавни игри, од областа на економијата, каде што учесниците се запознаваат со значајните економски поими. Презентацијата е во кабинетите, и тоа од страна на учениците и професорите, за образовните профили“ – кажа директорот Васко Трајковски.
На отворениот ден присуствуваа ученици од завршните одделенија, од основните училишта во општината, но и од Градско, Лозово и Чашка.
