Отежнато прибирањето на смет од високите делови на градот

Петар Печков

Во очекување на  нов снежен бран, кој  според метеоролозите треба да го зафати и Велес, среда попладне до четврток претпладне, надлежните работат на одржување на улиците во градот.  

Вработените од Сектор Комунална хигиена, при ЈКП Дервен работат на расчистување на тротоарите од снег и мраз на повеќе локации. Оваа активност е  во согласност со Програмата за јавна чистота.

Од ЈКП Дервен  побараа граѓаните од високите делови да ги симнат ѓубрето во пониските, бидјеќи не се во можност да го приберат.  

Ги замолуваме граѓаните кои живеат на повисоките зони од градот, поради непристапноста на улиците за камионите и тракторите за собирање на смет, доколку се во можност кесите со смет да ги оставаат на пониските места каде што има поставено контејнери. Штом се создадат услови за непречено движење на возилата, услугата повторно ќе биде воспоставена со собирање на смет од врата на врата – стопи во соопштението на велешките комуналци. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати