Пакети со храна за жителите на три велешки села, отсечени од светот поради штрајкот на железничарите

Петар Печков

Жителите на три велешки села, поради штрајкот на железницата, осум дена  се отсечени од светот. До селата С`лп, Карабуниште и Лавчани, има земјен пат, кој со години  е во очајна состојба, па на селаните единствена врска со светот им е железницата, преку железничка станица Рајко Жинзифов и стојалиштето Пчиња.  Тие побарале помош, по што волонтери од велешкиот Црвен Крст им дистрибуирале храна.

„Во текот на вчерашниот ден, предадени беа 16 пакети со основни прехранбени производи. Од нив 14 за село С'лп и по еден за Карабуниште и Лавчани“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црен крст Велес.  

Делницата од 15 километри во еден правец  од Велес до селата, со возило на противпожарната единица,  ја минале  за 90 минути, поради очајно лошиот терен.  Хуманитарна мисија на Црвен крст била помогната  од  Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати