Патничкиот воз од Кочани, излетал од шините кај станица Јане Сандански

Петар Печков

Вчера утро, патнички воз на влезот во железничка станица Јане Сандански,  излетал од шините, среќа е што нема повредени и мала материјална штета. Во патничкиот воз, локомотива и еден патнички вагон, кој сообраќал од Кочани за Скопје имало околу дваесетина патници.

Бидејќи возот влегувал во железничка станица возел со мала брзина.  Настанот е евидентиран во полицискиот билтен и МВР денес информираше за него.

Hа 22-јули  околу 8.25 часот било пријавено дека на влез на Железничка станица „Јане Сандански“ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани- Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините, по што удрил во метален столб. Во незгодата нема повредени лица - информираа од МВР.

Дали причината  за излетувањето е топлото време и проширените шини или крадците кои украле шрафови од пругата, како што упатени тврдат, ќе се знае по  увидот  на екипа МЖ Инфраструктура.

Денес е врши увид, комисијата е на терен, која ќе ја утврди причината зошто се случило излетувањето - кажаа од МЖ Инфраструктура.  

Железничкиот сообраќај  на релацијата од Скопје кон Велес  бил во   прекин пет и пол часа,  до 14ч вчера.

фото архива

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати