Патничкиот воз од и за Кочани, ниту дојде ниту појде

Петар Печков

Патничкиот воз за Кочани ниту тргна ниту стигна. Вчера попладне  требаше да појде во 16,40 до Скопје  а утрово до Кочани во 5 часот, но патничкиот воз го немаше. Попусто патниците чекаа на Железничка станица  во Велес, превоз немаше.

Утрово требаше во  7 часот да појдам за Скопје, на доктор, прегледот ми беше во 9 ч. но воз немаше. Ни кажаа дека нема да дојде, па морав да одам до Автобуска, па со автобус до Скопје. Тоа е далеку поскапа можност наместо за 180 денари со воз,  ќе платам  300 денари - вели велешанка кој утрово планирала со воз да појде и се врати.  Железничарите тврдат  дека причина е што возот се расипал, па немало замена.  

Патничкиот воз не појде за Кочани и не се врати е од технички  причини. Работиме да  овозможиме попладнево  возот да сообраќа, но засега немаме слободна локомотива за да замине за Кочани - информираа од МЖ Транспорт. 

Македонски железници имаат проблем со дотраениот возен парк и на патнички гарнитури и на локомотиви. Поради тоа експресниот воз ,,Пелагонија,, на релацијата Скопје - Битола и обрано  не сообраќа од 5-тио август лани. Иако пред некоја година се набавија шест  патнички гарнитури до Кина, тие се премалку да ги задоволат потребите за сите железнички линии во земјава. Минатата седмица од Кина стигна  нова електрична локомотива  а до крајот на годината треба да стигнат уште три.  

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати