Петмина кандидати за едно место јавен обвинител на подрачјето на ОЈО Велес

Петар Печков

Голем интерес да се пополни местото за јавен обвинител на подрачјето на OJO  Велес. За едно распишано слободно место, по конкурс се пријавиле пет кандидати, еден кандидат од Велес, двајца од Скопје, едно од Штип и едно од Сливник, сите се со завршена академија  за обвинители.

Вo ОЈО Велес има шест обвинителки. Ваков голем интерес има и за пополнување за едно слободно место во ОЈО Гостивар каде се шест кандидати. Додека во градови како Куманово, Битола, Охрид, Прилеп, Штип има по еден или двајца кандидати за јавен обвинител. 

Изборот го врши Советот на јавни обвинители.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати