Пет минути порој, донесоа кубици земја по улиците низ Велес (фото)

Петар Печков

Вчеравечер околу 19,30ч. краткотрајно невреме го зафана Велес. Поројниот дожд, со мало,количество од град создаде проблеми во редовното одвивање на животот.

Делови од Велес потонаа во мрак, Којник што  траеше два часа. Затоа пак водата која носеше се пред себе остави толку  наноси, што уште ќе се чистат по улиците на градот.  

Екипите  на ЈКП  Дервен уше синоќа излегоа ан терен а најкритично беше во населбата Дервенски Поток, каде имаше оштетени и   автомобили а дрво падна во дворот на градинката кај Стар  мост. 

Наносите на ул. Вера Циривири и споевите на ул. Благој Ѓорев со ул. Љубљанска и ул. Благој Ѓорев со ул. Васил Ѓоргов беа толку големи што спомнатите улици беа непроодни. Од синоќа работни екипи на ЈКП Дервен, рачно и со помош на механизација се на терен и работат на отстранување на земјата од градските улици. Непроодни улици веќе нема, а се уште се работи на повеќе локации: ул. Димитар Влахов, Архиепископ Михаил, Петре Прличко, Димко Најдов, 8 Септември, Индустриска и др. Досега се собрани околу 40м3 земја (20 трактори), но оваа количина не е конечна затоа што ќе се работи на расчистување на улиците и во наредните денови. Само од ул. Вера Циривири, каде се расчистува со механизација, очекуваме да се соберат околу 80 м3 земја (40 трактори)  -изјави Тодорка Андреева портпарол  на  ЈКП Дервен.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати