Пешаците и рекреaтивците ќе можат безбедно да се движат низ Градски парк

Петар Печков

Пешаците и рекреативците од денес ќе можат непречено да се движат, во одреден дел на денот,  низ Градскиот парк.   Стартува измената на сообраќајниот режим на пристапната улица, што е по  барањето на рекреативците кои го посетуваат паркот.

Решението  овозможува  непречено движење на пешаците и рекреативците кои масовно ја користат оваа улица особено во утврдените часови  во текот на денот и истовремено обезбедува заштита на животната средина. Реагиравме согласно законските прописи. Поставена е вертикална сообраќајна сигнализација, со која се забранува  движење на моторни возила на улицата. Забраната за возила  важи со временско ограничување  - најави градоначалникот Аце Коцевски.

 Во летниот  период забраната е од 6 ч. до 9 ч и од 18 ч. до 21 ч. а во  зимскиот период од 6 ч. до 9 ч. и од 17 ч. до 20 ч. Забраната не се однесува на возилата за итна медицинска помош, возилата на противпожарната единица и  возилата на МВР“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати