Пингпонгарите на Борец ТИМ осигураа опстанок во Прва лига

Петар Печков

Екипата на ФК Локомотива од Градско забележа победа и остана на врвот од Третата лига Југ. Тие славеа со скрoмни 1:0 на домашен терен и се лидери со 47 бодови, четири повеќе од второпласираната екипа нa ФК Ново Црнилиоште. По поразот од 13-то пласираната   екипа ФК Горно Коњари вo истоименато прилепско село,    ФК Превалец, тие паднаа на петото место со 34 бода. Екипата на ФК Илинден од Башино село,  откако не одигра два  натпревари од оваа конкуренција е исклучена од натпреварувањето. 

Во следното 22-ро коло дербито на сезоната, ФК Локомотива гостува  во прилепско на второпласираниот ФК Ново Црнилиште  а ФК Превалец игра дома со екипата на ФК Братство 07 од прилепско Житоше, која е сосед на таблата четвртопласирана со три бодови повеќе од превалчани. 

Во 14-тото коло од Третата лига Исток, во дербито на дното ФК Работник од Лозово загуби од ФК Раклиш која беше десето пласирана а домаќинот е 10-то пласиран од 12 екипи. Во следното коло ФК Работник гостува на екиапта на ФК Спартмани која е осма со 16 бода.

Пингпонгарите на Борец ТИМ осигураа опстанок во Првата лига, откако со 4:1 го победија составот на Крушево а двете екипи имаа по три победи. Во вториот натпревар изминатиот викенд, во последното 14 коло велешани загубија од лидерот и првакот составот на Мултитекс со 4:1.  Со ова 14-то коло заврши натпреварувањето во овааа конкуренција а составот на Борец ТИМ го освои петото место со што остана Првата лига, меѓу седумте екипи. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати