Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 август 2013
Во писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонскоото население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот но поштата била заробени од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, таа 1913 година биле донесени во Државниот архив во Софија. Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека сегде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично.
Пред сто години
По заминувањето на османлиската војска од Македонија, Србите, Грците и Бугарите настојуваат да ги задржат подрачјата под своја власт. Ваквата поделба на освоените територии во Македонија меѓу Србија и Бугарија било решено со Тајниот додаток на Договорот за пријателство и сојуз, но прашањето меѓу Бугарија и Грција останало отворено а очекувањата на македонскиот народ биле сосема изневерени. Имено, Македонија не само што не била ослободена туку била распарчена и поделена од таканаречените братски народи. По Лондонскиот мировен договор од 30 мај 1913, Србија завладеала со западниот и централниот дел на Македонија, Грција ја добила јужна Македонија а Бугарија си го припоила источниот дел на Македонија.
Еден месец по Лондонскиот мировен договор, со кој е завршена Првата балканска војна, почнува Втората балканска војна, која за околу педесеттина дена, колку што траела, однела голем број жртви, најголем број цивили Македонци, кои биле изложени на вкрстен оган меѓу армиите на балканските завојувачи. Сепак, според документите зачувани до денес, најголемите ѕверска во двата ужасни летни месеци на Втората балканска војна ги направиле грчките војници кои вршеле ужасен, крвав геноцид низ Егејска Македонија.
Колиме по заповед на кралот!
Од писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробени од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, која веднаш,таа 1913 година, била донесена во Државниот архив во Софија.
Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека сегде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично. И сите тие ужаси што ги правеле, како што вели проф. Милетич во својата книга за теророт на грчката војска во Егејска Македонија, објавена само неколку месеци по завршувањето на Втората балканска војна, а во која се објавени и 53 потресни фотографии од ужасите направени врз Македонците, војниците ги правеле, како што признаваат во писмата, по заповед на команадата и на грчкиот крал. Еве неколклу извадоци од грчките воени сведоштва за масакрот што го направиле андратите на фронтот во јужниот дел на Македонија за време на Втората балканска војна:
По заповед на кралот ги палиме сите славофонски села; ги силувавме сите млади момички што ги фативме, - пишува еден од војниицте на кралот. Друг пишува: Со радост ги палиме словофонските села; ако нема мажи, ги убиваме жените и децата. Во писмото на трет војник пишува дека селата во кои нема Грци ги гориме до темел за да не може одново да никне таа гнасна славофонска раса. Еден од војниците пишува дека ги наоѓале селаните скриени по разни места: Секојдневно наоѓаме мнозина од нив и ги убиваме. Во писмото број седум пишува: Таква е наредбата - да ги палиме селата, да ги убиваме младите. Едно од писмата сето тоа што се прави на теренот го споредува со касапница: Ова што го правиме со славофоните е касапница; нема нивно село или град кој не е изгорен.
Слично на него еден од војниците ги известува своите пријатели во некое село близи Атина: Ги убиваме сите славофони кои ќе ни паднат в раце, што значи дека нема заробеници, нема сведоци. Еден друг војник сепак покажува некакво мало сочувство, пишувајќи дека палењето на селата и убивањето на недолжниот народ е нечовечко дело затоа што сите што ги заробуваме ги поминуваме под нож. Според писмата цитирани во француското издание на овие ужасни писма може да се констатира дека масакрот се вршел масовни и во секоја прилика. Така еден од војниците со своето писмо вели дека ,,од 1200 заробеници, кои ги заробивме кај Нигрита, не останаа повеќе од 41 во затворот,, а друг ладниокрвано ќе напише дека ,,во селото Броди фативме пет славофони со една мома од Сер; ги затворивме во една визба. Девојката ја убивме без мачење, а мажите многу ги мачевме, живи им ги извадивме очите“.
Следното писмо цитирано и во францускиот превод потврдува дека ,,каде што ќе најдеме еден или двајца славофони, веднаш ги убиваме како врапчиња,, Еден негов соборец, можеби верник, во своето писмо ќе констатира дека ,,ова што се случува сега не се правело никогаш по Христа; елинската армија ги пали сите славофонски села и ги убива сите што ќе ги сретне. Од писмото на друг војник може да се види дека во Егејска Македонија грката војска правела невидени масакри дозволувајќи војниците да се однесуваат како да се во кланица: ,,Ми дадоа 16 заробеници за да ги доведам во дивизијата, а јас доведов само двајца; другите ги изеде мракот - ги убив попат“.
Распнувани по дрвја низ шумите
Според проф д-р Милетич, кој само неколку месеци по масакрите направени за време на Втората балканска војна во Егејска Македонија, самиот успеал да собере голем број сведоштва, документи и фотографии, но и да разговара со дел од преживеаните што успеале да побегнат во Бугарија, грчката војска направиле невиден масакр, всушност геноцид над цивилното македонското население од Сер до Солун, преку Кукуш, Дојран и Струмица. Со првичните податоци собрани набрзо по масакрот се потврува огромниот број мажи, жени и деца кои се водат како исчезнати. За војниците, според Милетич, не треба ни да се зборува; тие не само што се убивани, туку и најѕверски се мачени, распнувани на дрвјата по шумите, врзувани со телеграфски жици, поливани со газија и живи палени. Многу такви случаи се регистринаи во околината на Струмица, но и во други делови на Македонија каде што дејствувала или макар само поминала грчката војска. Меѓу извршените грчки ѕверства, како што вели проф.д-р Милетич во својата книга со докумени и фотографии од војната, објавена во Софија во септември 1913 година, како најкаратеристични по варварството, по палењето живи луѓе се одвојуваат селата Аканџали и Попово, градовите Сер, Кукуш, Гевгелија, но и во селата Герман, Крчово, Спатово, Крушово, Ѓуреџик, Горно Броди и други. Истовремено, користејќи ја воената состојба специјални групи грчки злосторници вршеле масиовни убиства и во рагионите кои не биле зафатени со воените дејства.
Сведоштвата објавени во книгата на проф. д-р Љубомир Милетич потврдуваат дека на 20 јуни грчката војска стигнала пред Гевгелија, се укопала на околниње ридови и почнала да дејствува со артилерија. Гледајќи како населението се повлекува преку мостот на Вардар, дејството на артилеријата се свртело во таа насока, па во тој навиден маскар на цивили загинале голем број гевгеличани. Кога преживеаните се искаиле на Стојаковската височинка, се свртеле да видат што се слуува зад нив, и тогаш виделе дека горат селота Сехово, Шлопенци, Мачуково, Смол и Бајалци. Во градот Гевгелија веќе била започната страшна тортура врз оние што не успоеале да побегнат.
Грчките андарти и војниците ограбувале и убивале по улиците и дворовите. Бежанците Јоаким Дучев и Гоне Чавдаров од село Богданци сведочеле дека андартите убивале без да прават разлика во возраст и пол. Според нив, од Богданци успеале да побегнат 80 семсјства, но 370 останале во селото, па тие не знаат што се случило со нив. Многумина и од оние што успеале да заминат од Богданци, умреле за време на бегството од Струмица до Пехчево. Така, Гоне Чавдаров попат ги изгубил своите двајца браќа, сестра си и својата бремена сопругата со малата ќеркичка. Подоцна дознал дека жена му останала во селото Дурбаки, дојранско, и дека таму се породила.
Според д-р Милетич во Бугарија имало стигнато голем број деца од Гевгелија, кои не знаеле да кажат каде им се родителите. Во сведоштвото запишано во септември 1913, значи само еден месец по завршувањето на Втората балканска војна, во Самоков биле дојдени две дечиња, Томе и Слобода Заринови, братче и сестриче од Гевгелија, кои успеале да побегнат заедно со некои луѓе од градот со кајче преку Вардар. За родителите велат дека останале во Гевгелија, но д-р Милетич смета дека нивните родители најверојатно се загинати во метежот што настал по дејството на грчката артилерија врз бегалците. И друго дете од Гевгелија, Аргир, кое во мигот кога се собирале документите за книгита се наоѓало во Радомир, не знаело што се случило со неговите родители.
За неколку дена Гевгелија и гевгеличани, според Милетич, ужасно настрадале не само од дејството на грчката артилерија туку од здружувањето на грчките војнички банди со месните Турци и Цигани. Деветнаесетгодишното момче Мито Иванов од Смоквица, гевгелиско, само десеттина дена по завршување на војната сведочело дека селото Мрзенци на 20 јуни било запелено со газје од Грците и Циганите, мажите биле исклани а жените силувани. Сите девојки биле однесени некаде надвор од селото и ниту една од нив не се вратиле дома. Следните денови, на 24, 25 и 26 јуни целата гевгелиска чаршија била ограбена и опустошена од грчките андарти, а ограбени се и куќите на сите побогати гевгеличани.
Според сведоштвото на Мито Илиев од селото Аканџали, дојранско, кој есента 1913 бил со група бежанци сместен во градот Самоков, грчката војска влегла во селото на 23 јуни во пет часот попладне, веднаш собрале 60 селани, ги однеле во блиската корија и ги убиле. Истата ноќ цело село ечело од писоците на жините и девојките што грчките војници ги силувале до смрт: Со свои очи видов како ја обесчестија снаата на Стојан Поповалијата, ќерките на Стојан и Пелтек Илиеви, дванаесетгодишната ќеркичка на Коста Турбашиски. Момите и жените беа врзувани по три, беа тепани и фрлани под нозете на коњите. Следниот ден ги запалија селата Аканџали, Дурбали и Николич - сведочи Илиев.
Масакр во Малешевијата
Според сведоштвата на неколкумина бежанци од Пехчево, во градот, при влегувањето на грчките војски, населението излегло да ги прчека, но по ден-два војската почнала со ѕверствата, убиства, грабежи и силувања. Силувани биле Магда Гичева, 50 години, баба Генка Цекова, 80 години, Султана Секулова , 60 години и сите други жени што биле во градот а ниле над десетгодишнавозраст. Во селото Панчарево била заклани Дамјан Ризов, 18 години, Иван Стојклов, 55 гиодини, Стојан Петков, 35, Ангел Марков, 25, Стојан Илиевм, 25 и други. Во Разловци биле силувани снаите на Георги Златков, Стојанка и Васа, а му биле одземени и 30.000 окии жито, 2000 оки сено. Во Умлена била убиени Ангел Батев и син му, а биле силувани 13-годишната ќерка на Коце Султан, потоа Марија Накова, Роса Гогева, Ивана Гогева и Галина Христова.
Грчката војска во селото Владимирово се здружила со турското население, ги одвоиле мажите од жените, а потоа однеле 14 девојки заедно со Параска Чолова. Струмичанката Марија Георгиева Ичева, која успеала да побегне од градот на 29 август 1913 година, раскажала за грчките злодела направени во Струмица и околните села, кои биле запалени до темел од адартите и нивните турски придружици. По повелкувањето на Грците, во градот и селата се вратиле само Македонците. Останататите жители на градот Грци, Турци и Евреи заминале од Струмица. Сега слушам, раскажала Ичева, дека некои гркомани почнале да се враќаат. Од Турците ниту еден не беше вратен пред да тргнам на 29 август за Бугарија. Имаше Турци кои од почетокот кога навалегоа Грците заедно со нив грабеа, палеа и убиваа. Кога Грците се повлекуваа, сосила ги тераа сите Турци да заминат од Струмица. Мнозина од нив велеа: јас ниту сум грабел, ниту сум убивал, но не смеам да останам зашто Грците се закануваат, бараат да заминеме со нив. Една учителна ми раскажуваше, сведочи Ичева, дека ноќта на 10 август ја однеле во касарната и таму била силувана одд командантот а потоа 24 часа се ределе војниците. Сега е болна.
Според сведоштвото што ги собрал проф. д-р Милетич може да се види какви ѕверства правеле Грците, но на крајот од книгата тој најавува слични документи и за ѕверствата на српските и црногорските војски, потврдени со сведоштва на бежанците од тиквешко, велешко, штипско, кочанско, кратовско, паланечко, радовишко и од други делови на Македоанија каде што дејствувала српско-црногорската војска. Се разбира, кон овие ѕверска треба да се додадат и ѕверската што врз македонското насление ги правела бугарската војска, па ќе се заокружи крвавата слика за страдањето на македонскиот народ во Балканските војни, поделен со договорот во Букурешт токму меѓу оние што ѕверски го газеа, уништуваа и убива за да го „ослободат“.
текстот е преземен од МИА