Победа за ФК Борец за пробив кон врвот на Првата лига

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов  во Велес

Главен судија Димитар Мечкаровски од Скопје

Стрелци: Силва 70‘, Прелчец 78‘ (ФК Б)

Жолт картон: Ристовски, Ристески, Митров, Стоименовски (ФК Б) Маслаќ, Николов, Трапановски, Томовски (ФК АП)

Борец: Мустафа, Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, Силва , Ристовски, Ристески, Радовиќ , Станковски   играа и: Митров, Десниќ и Ѓоргиев

Академија Пандев: Алчевски, Димов, Илиев, Николов Стоилов, Миловановиќ, Радески, Крстоски, Томиќ , Димоски, Маслаќ  играа и Трапановски, Пандев, Томовски

Победа од 2:0 за нови три бода и осум досега освоени. Ова е исходот од денешниот натпревар на велешки Борец 1919 со ФК Академија Пандев  од петтото коло на Првата фудбалска лига.   Домаќинот до победата стигна со ефектните голови во финишот во 70-тата на Силва со удар од 16 метри, од ивицата  на шеснаесетникот, по средината а гостинскиот голман Алчевски  беше беспомошен. Идентично беше и во 78-та кога Прелчец  од слободен удар од 17 м по средината на голот стрелаше прецизно низ „живот ѕид“ на противникот а нивниот голман  само беспомошно ја изгледа топката во мрежата.  Гостите скоро и да не се заканија а Прелчец имаше шанса прв да го отвори резултатот, но од пет метри беше непрецизен.

По пет одиграни кола ФК Борец е на делба на четвртото место со осум бода, од две победи и две реми и идентична гол разлика 5:3 со скопски Работнички.   Во следното коло, во дербито велешани гостуваат на второ пласираниот ФК Силекс во Кратово, кој има 10 бодови.

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати