Повеќе од 500 учесници по спарно време, истрчаа 5 и 10 км за Рацин (фото)

Петар Печков

Неделата попладне по улициате во центарот на Велес,  се одржа  третата по ред атлетска трка  „Трчаме за Рацин“. На неа учествуваа 518 учесници, кои трчаа 10 и 5 км. Во машка и женска конкуренција.

На 10 км кај жените победи Адријана Поп Аросва со време од 37:23, пред Фросина Михајлоска 42:34 а трета беше Теа Божиновска со 44:02. Трката ја завршија 39 учеснички.  Кај мажите на  истата патека најбрз беше Мартин Трајановски со време од 36:33, пред Ријат Шеипи со 38:09 и трет беше Миел Иванвос со истршани 38:14. ООваа трка ја завршија  146 учесници.

На  5 км кај жените најбрза беше  Ирма Хајдари со време од 21:01, пред Емили Ивановска 21:06 и трета Марија Пеликон  22:14. Оваа трка ја истрчаа 120 учеснички. Кај мажите победник беше Александар Арсов со време од  17:27, втор беше Роберто Димитриевски со 17:31 а трет Григоријан Никовски со 17:41. Трката ја звршија 212 учесника.

Дежурната екипа на Итната помош кажа дека имале малку работа, со незначајни здравствени проблеми на неколкумина учесници, кои истрчаа по тешки временски услови, на висока температура над 30 степени попладнето.

Организатор на трката беше АК Борец 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати