Повеќе свежо овошје и зеленчук, помалку слатки и блага во храната на велешките деца оти има случаи на дебелеење

Петар Печков

Храната која ја добиваат  велешките деца во градинките, учениците во ОУ Блаже Конески, каде има целодневен престој  и во Средношколскиот дом  е бактериолошка безбедна, но потребно е таа да биде разновидна. Ова го констатирале надлежните од Центарот за Јавно здравје Велес, кои го испитуваат квалитетот но и биолошката вредност на оброците.

Потребно е повеќе свежо овошје, свеж зеленчук за да се надмине употребата на сложени шеќери во вид на разни слатки, десерти и блага. Ова се однесува за сите три институции.  Во ОУ Блаже Конески рибата е скоро незастапена - кажа пред велешките советници прим. др. Снежана Петрова специјалист по храна од ЈЗУ Центар за Јавно здравје.  

Дополни дека ова се констатации врз основа на извршени контроли на 10 односно 20 оброци во зависност од институцијата, во текот на целата година, во кои можеби токму тогаш не се нудела риба или не се делело овошје и зеленчук.  Дополни дека и во градинките и во Интернатот и во ОУ Блаже Конески храната е бактериолошки безбедна. 

Првите пет години од возраста на детето се најважни и затоа е важно каква храна му се нуди и да добие здрави навики. Потребно е посебно внимание против дебелеењето   на децата - вели д-р Лили Чолакова Дервишова, член на велешкиот Совет. Овие констатации ги потврди д-р Петрова.  Објасни дека испитувале раст и ухранетост на децата, во градинка, второ и петто одделение и прва година средно.  

Разочарувачки е тоа што го наоѓаме во резултатите, оти дебелеење е многу присутно. Тоа не е болест но е симптом кој носи ризик од некои заболувања во подоцнежниот животен век. Во градот немаме проблем со потхранетост туку со дебелеење. Имаме случаи на умерено но и екстремно дебели деца. Проблемот постои и очекувам реакција и од родителите. Тие знаат што јадат нивните деца секој ден, јас според овие испитувања на одреден период . Родителите даваат пари за ужинка, која децата ја користат за брза храна.  Потребна ни е здрава генерација - додаде д-р Петрова.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати