Повторно повеќе оздравени 35, отколку ново заразени 24 лица

Петар Печков

Продолжува трендот на повеќе оздравени пациенти од корона вирусот  во велешко, отколку ново заразени. Денес Центарот за јавно здравје Велес информираше дека има 35 оздравени а ново заразени со ковид-19 се 24 лица.

Или во велешко има активни 760 пациенти а досега вкупно биле заразени 1.677 лица. Оздравеле  471.  Од активни случи  во велешката Болница се 64 пациенти, де се на ГОБ 8-ти септември во Скопје , седум во приватни клиники исто така во Скопје а 687 се на домашно лекување.

Хоспитализирани во велешка Болница се 79 пациенти, на Инфективно 54 кое е целосно исполнето, на одделението  за физикална медицина има 10 пациенти и 14 слободни кревети а на Интерно одделение има 15 пациенти. 

Од вкупниот број, 67 се потврдено позитивни, седум сомнителен и пет се негативни но си здравствени проблеми, 34 пациенти од велешка болница се на кислородна поддршка.

фото Кирил Миланов

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати