Повторно се враќа акцијата за чистење на градот од хаварисани возила

Петар Печков

Од понеделник 14 април  започнува акцијата „Чист град 2025“. Таа се практикуваше пред повеќе години и сега по толку време пауза, повторно се враќа. Се однесува  на  оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини кои  нивните сопственици ги оставиле на јавните површини.  Акцијата ќе биде спроведена од страна на Општина Велес и СВР Велес,  во две фази.

„Првата фаза ќе биде од превентивен карактер и ќе започне на 14.04.2025 год. со лепење налепници со рок на отстранување на моторните возила од јавните површини. Во втората фаза ќе се преземат репресивни мерки со изрекување глоба од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес за оние кои не ги отстраниле моторните возила од јавните површини во дадениот рок. Се замолуваат сите граѓани кои ги имаат оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини на јавните површини да ги отстранат, а со тоа ќе дадат придонес за чист град и здрава животна средина“ – порачаа од локалната власт.
 
Во објавите од ваквите акции, изведени претходни години, се потенцира дека доколку сопствениците не ги отстранат сами возилата, тоа ќе го стори локалната власт а сметката ќе ја плати сопстеникот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати