Повторно тргнаа товарните возови од и кон Грција, по еден месец прекин поради оштетување на пругата кај Поликастро

Петар Печков

Повторно е воспоставен железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција, дел од Европскиот коридор 10, кој беше во прекин еден месец. Една недела сообраќајот се одвиваше непрекинато а од утре, четврток ќе биде според договор од двете железници. На делницата каде пругата беше оштетена ќе се вози со намалена брзина.

„Грчката страна не информираше дека поради големиот број на композиции кои чекаат за превоз, одлучиле да го пуштат товарниот железнички сообраќај. Од утре ќе се одвива според меѓусебен договор, во период кога на пругата нема да се работи. Одлуката е во интерес на компаниите од двете земји кои го користат товарниот железнички сообраќај“ – соопштија од МЖ.

Железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Солун се одвива со товарниот превоз, патнички нема.

Товарен воз излета од шините во на 11 февруари во близина на Поликастро Грција. Според Hellenic Train, приватниот оператор на грчкиот железнички систем, задната оска на втората локомотива била делумно излетана од шините.

Инцидентот предизвикал значителна штета на
пругата, во должина од приближно 4 километри.
Најавите од Грчките железници беа дека пругата ќе биде затворена два месеци поради поправки.

Во овој период товарниот сообраќај се одвиваше преку Бугарија. Наголеми корисници на товарниот сообраќај од Македонија кон Грција и Солунското пристаниште, се Макпетрол и Макстил. Еден од големите странски корисници е кинескиот „COSKO“ која ја превезува кинеската стока од Солунското пристаниште кон Белград и Будимпешта.

Иако Македонски железници ја изградија пругата од Битола до Кременица, таа не е поврзана од грчка старна и не може да се користи за меѓународен железнички собораќај.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати