Поделени 30 пакети храна, собрани од продажбата на билетите на концертот на Никола Мицевски

Петар Печков

Локалната власт во соработка со Општинскиот Црвен крст на Велес ги поделија пакетите со храна, кои беа обезбедени со  добротворен концерт.  Во петокот,  се поделиле 30 пакети со храна наменети за семејства и лица кои живеат во социјален ризик.

„На триесетина социјално загрозени фамилии од Велес им поделивме пакети со храна кои барем малку ќе им го олеснат секојдневието’- соопшти преки неговиот ФБ градоначалникот Марко Колев.

Во акцијата биле  вклучени волонтерите на Црвен крст, но и градоначалникот Марко Колев со претставници од локалната самоуправа. Пакетите кои содржат производи согласно стандардите предвидени од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, тие заеднички ги пакуваа и дистрибуираа.

Средствата за набавка на помошта се донација од Општина Велес, обезбедени од продажбата на билетите на концертот на  инструменталистот Никола Мицевски, одржан во театарот на 18 февруари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати