Пожарот во кругот на некогашна Порцеланка не е последица на работата на субјектите кои таму работат, смета Државниот инспeкторат за животна средина

Петар Печков

Пожарот во кругот на некогашна Порцеланка, не е причинет од фирмите кои работат во нејзиниот круг, смета Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), по контролата која е извршена таму, откако огнот се закани по безбедноста на околината и складот и цистерните кои имале околу 80 тони плин.

„По настанат пожар за кој треба да се истражат причините од страна на МВР, а не е причинет од работење на субјектите кои таму работат или имаат закупено простор, пристапено е кон гаснење на истиот, прекинато е напојувањето со електрична енергија. ДИЖС воопшто не е контактиран од ниту една институција за евентуална потреба за вршење вонреден инспекциски надзор, за време на пожарот и неговото гаснење од аспект на надлежност за животната средина кај горенаведените субјекти. ДИЖС беше во комуникација со одговорните лица од сите три наведени субјекти“ пишува во писменото соопштение. 

Според ДИЖС на површината од некогашна Порцеланка, има склад за нафтени деривати Макпетрол АД, Скопје  во кој нема резерви на нафтени деривати и не работи повеќе од шест години. Има дежурно лице. Поседува лиценца од Регулаторна Комисија за Енергетика и соодветна документација од аспект на животна средина.

ДТУ Еконик Маркет ДООЕЛ, Скопје има резерви на нафтени деривати -плин во складот. Има дежурно лице, Поседува лиценца од Регулаторна Комисија за Енергетика, како и соодветна документација од аспект на животна средина, на име на поранешен правен субјект Марија Треид, ДОО, Велес. Двата претходно наведени субјекти имале и соодветна инфраструктура за заштита и спасување во случаи на инцидентни ситуации, хидрантска мрежа и ПП апарати.

ДПТУ ПАВОР Орце, ДООЕЛ, Скопје, склад за секундарни суровини, поседувал документација од аспект на животна средина и дозвола од областа управување со отпад. 

За поранешниот субјект Порцеланка во стечај, ДИЖС немал добиено известување од стечаен управник дека има некакви опасни материи или опасен отпад кои треба да се отстранат. Во моментов таму имало  напуштена и неодржана вегетација, високи дрва како и остатоци од машини од поранешниот технолошки процес.

Државниот инспекторт за животна средина посочува дека Општина Велес нема назначено општински инспектор за животна средина. Тој меѓу другото има обврска да врши наздор за напуштени објекти во стечај, како случајот со поранешна Порцеланка. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати