Позитивни нема, но има дури седуммина оздравени од велешко

Петар Печков

Денес во Велес и велешко нема случај на позитивен на ковид-19, но затоа има дури седуммина оздравени.  Така бројката на активни случаи падна на 37 лица.

Денес имаме седуммина лица кои се водат оздравени, откако на два последователни теста беа  негативни. Сите тие беа на домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

На Инфективното одделение од велешка Болница има хоспитализирано 17 лица, 16 се потврдено позитивни, но не сите се од велешко  а еден е со симптоми и за него се чекаат резултати.   На домашно лекување се 21 лице, 15  се во Инфективно одделение и едно лице е во КПУ Идризово.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати