Познат идентитетот на повредените од понеделничката сообраќајка, но и на возачот на автомобилот

Петар Печков

МВР со детали за понеделничката сообраќајна несреќа кога воз удри во автомобил, кој минел иако сообраќајната сигнализација покажувала дека возот доаѓа. При тоа едно момче Мартин Ѓ. (23 год) почина на лице место, две лица се пренесени на клиника во Скопје. Несреќата се случи на железничкиот премин кај село Ногаевци а патниците биле возени на дијализа во ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Понеделникот на 10-ти февруари, во 12.10 часот на обележан патен премин кај стојалиште Ногаевци се случила железничка незгода во која товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево- Градско, удрил во патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од село Раштани, велешко. Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од село Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од село Виничани - Градско, сите сопатници во возилото - информираа од МВР.  

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од  СВР Велес. ОЈО Велес издало   налог за техничка проверка на возилото а телото на починатото момче е предадено на обдукција, да се утврдат причините за смртта.  

Железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Гевгелија беше во прекин од 12.06 до 16,32 ч. 

Поврзани »

Роденденски попусти во dm во Велес!

Со попуст од 15 проценти на АПСОЛУТНО СÉ, па дури и на веќе намалени производи, dm дрогеријата во Велес ќе го прослави својот 5 роденден. Детали

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати