Полицискиот час од утре, среда се укинува, од четврток работат терасите на угостителските објекти

Петар Печков

Владата попладнево донесе неколку одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки, соопшти премиерот Оливер Спасовски.  Истите се донесени според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, а врз основа на одредени исполнети услови.


Од утре целосно престанува важењето на одлуката за забрана за движење.

Од четврток почнува со работа угостителските објекти, со прецизно утврден прокотол за работа на терасите.

Од први јуни престануваат да важат одлуките со кои од работа се ослободени одредени категории граѓани. И оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа. Ова нема да важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца до 10 години, за кои ќе се чека одлуката за почнување со работа на градинките.

Задолжителниот државен карантин за граѓаните кои се враќаат од странство се заменува со домашна изолација, доколку граѓаните приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Остануваат мерките на задолжително носење заштитна маска и држење на задолжително растојание.

На 26-ти февруари беше забележан првиот позитивен случај на ковид-19 во Македонија. 

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати