Полицијата го уапсила Фахрудин Дурмишев од Горно Јаболчиште, кој треба да служи казна затвор за убиство во обид

Петар Печков

Петокот попладне 6-ти ноември, околу 17 часот од страна на Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага во атарот на Горно Јаболчиште е лишено од слобода лица, кое се барало за служење казна затвор.

Во текот на вчерашниот ден лишен од слобода е Ф.Д. (31) од Горно Јаболчиште, кој се барал по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 в.в.чл.19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово. При преглед кај лицето и возилото што го управувал пронајдена е прашкаста материја и марихуана - соопштија од МВР.

ТрМр пишуваше за овој настан. Фахрудин Дурмишев    доби пет години и три месеци за кривичното дело убиство во обид. Настанот  се случи во Горно Јаболчиште  на 15 август 2012-та година. Според обвинението  Фахрудин Дурмишев попладнето  околу 19 часот,  се обидел да го лиши од живот соселанецот  Ќемал  Синанов поради претходно меѓусебно влошени односи.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати