Полицијата со кривична пријава за лице кое наводно подметнало пожар во автомобил на почетокот од годинава

Петар Печков

Велешката полиција со информација дека го расчистила опожарувањето на автомобил,  настан кој се случи на 9 јануари годинава во 3,20 ч., во близината на кафеаната ДАЦЕ.

„СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против М.Д.(22 год) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28 год) од село во општина Чашка“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол ан СВР Велес.

Од полицијата дополнуваат дека се преземени мерки, со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото, иако ова признание нема никава важност пред обвинител и пред евентуална судска расправа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати