Полноќна контрола по угостителските објекти во Велес, пронајдено присутно само едно малолетно лице

Петар Печков

Ноќеска по полноќ  во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спровеле  акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации.

„Констатирани се 5 прекршоци за присуство на малолетници после 00.00 часот, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово“- соопштија од МВР.

При контролите бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во село Арнакија.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати