Поради не носење заштитна маска казнети 50 лица во Велес

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, 24 јуни,  за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети полицијата казнила  вкупно 85 лица, и тоа, 50 во Велес, 23 во Кавадарци и 12 во Неготино, информираа од СВР Велес .

Вчера има 13 ново регистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, седум во Велес, едно во Кавадарци и пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има осум нови лица, шест во Велес и две во Неготино.

Вкупно со Решение во изолација има 153 лица, од кои 105 во Велес, 24 во Кавадарци и 24 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 130 лица, од нив 67 се во Велес, 49 во Кавадарци и 14 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати