Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 ноември 2025
Пораз за екипата на КМФ Кеги моби во дербито на колото со ФКМ Проект, од 6:3 (2:1) играно во спортската сала во Гевгелија. Тоа беше натпревар од 5-тото коло на двете непоразени екипи во Првата футсал лига. Од седум досега меѓусебно одиграни натпревари КМФ Проект има шест победи а КМФ Кеги моби една. Следното коло нов силен предизвик, во Велес во салата Гемиџии гостува КМФ Форца која нема пораз во трите досега одиграни натпреври.
Убедлива победа во 6-тото коло, за кошаркарите на КК Борец баскет над фенерџијата КК Спортисимо од Кавадарци со 90:42. Ова е трета победа во серија за велешани, по двата стартни порази, со која се изкачија на 3-тото место во Првата лига група Б. Следното коло гостуваат во Свети Николе на екипата на КК Овче Поле, која има две победи од три натпревари. Во оваа група настапуваат седум екипи.
Победа и пораз во осмото коло за велешките женски екипи во одбојка, кои се натпреваруваат во Втората лига. Постариот лигаш ОК Борец со 3:0 (19; 14;14) на домашен терен славеше на ОК Бами кор, која имаше досега една победа. Со оваа радост ОК Борец останува 8-ми со скор од 4 победи и три порази и осум бода. Помладиот лигаш ОК Виола волеј загуби на гостувањето во Скопје со 3:0 (14; 5, 16)од ОК Форца волеј која е трета со еден пораз. Тие по ова коло остануваат 9-ти со две победи. Во вонредното коло кое се игра вторник и среда, тие се слобдни. ГОК Борец пак в среда игра во Тетово со ОК Универзитет Тетово кој е последен со една победа.
Вечерва, понеделник со пренос на МРТВ 3 машката екипа на ОК Борец игра со ОК Весна од Пробиштип, која е 10-та од 12 екипи со една победа од пет наптревари. ОК Борец е 5-ти во група четири екипи со 4 победи и еден пораз.
