Породување во такси возило утрово, во дворот на Болница

Петар Печков

Утрово пред  7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на Велешката Болница.  Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа. Една од нив, медицинска сестра била прва која притрчала на помош.

Таксистот ја отвори вратата од автомобилот и кажа дека жена се породува, по што една од медицинските сестри од детско, која доаѓаше на работа, веднаш притрча, помагаше, дојдоа и сестри од Акушерско одделение и жената се породи во колата - раскажува сведок на  несекојдневното породување. 

Од Општа Болница Велес информираа дека бебето е здраво и живо и се во добра состојба заедно со мајката, на која ова и е второ дете.

Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50 цм. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба - соопшти портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати