Постколедарски инцидент на улицата кон црквата Св.Спас

Петар Печков

Пост Коледарски инцидент на улицата кон црквата Св. Спас. Велешанец се обидел да нападне соседи. Причината непозната, деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 06.01.2025 во 03.30 часот на улица Прохор Пчински во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.М.(53 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека се обидел со остар предмет да ги нападне Т.Т.(45 год) од Велес и неколку негови соседи, но бил спречен од присутните“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.

Полицијата информира дека лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати