Потребно е освежување, обновување на спомен куќите на Рацин, Џинот, Главинов кажа министерот Љутков при денешната посета на Велес

Петар Печков

Министерот за култура Зоран Љутков и директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јордановски беа во посета на Велес и неговото културно наследство. 

Целта на посетата е директно на терен да се согледаат состојбите, да се идентификуваат потребите и приоритетите за натамошна заштита, конзервација и валоризација на културното наследство, како и да се унапреди институционалната соработка меѓу Министерството за култура и туризам и надлежните установи на локално и национално ниво.

„Посетивме неколку локации, да го  видиме културното наследство кое го имаме во Велес.  Бевме во манастирската црква, каде неколку години беа во застој тие зафати на конзервација и реставрација. Ја посетивме куќата на Рацин, куќата на Џинот и куќата на Главинов. Од тоа што можев да видам, дека се во состојба кога ќе им биде потребно освежување,  обновување. Направивме увид  и што ќе може во иднина да се помогне. Овен материјална помош разговарвме како овие куќи да бидат постојано отворени и пристапни за посетители. После овој увид ќе може да направиме анализа и како и што да финансираме за следната 2026 година“ – кажа Љутков. 

Министерството за култура и туризам, во рамки на годишната програма за 2025 година, за поддршка на проекти во Велес има издвоено околу 20 милиони денари, што според надлежните  претставува значајна инвестиција во заштитата, презентацијата и афирмацијата на културното наследство и активностите на културните институции во овој регион.

фото Министерство за култура

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати