Почина Борче Пинев, државниот правобранител за Велес

Петар Печков

Претпладнево, четврток 30-ти јули,  почина Борче Пинев (46 год) државен правобранител за територијата на Општина Велес, соопштија негови блиски.

Тој се здоби со тешки повреди од настан кој го евидентираше МВР,  „на 25.07.2020 околу 12.45 часот  било пријавено дека пред зграда на ул.„Крсте Мисирков“ во Велес, Б.П.(46) од Велес се повредил при пад од дрво“.

Тој до денес беше на лекување на КАРИЛ во Скопје. Државен првобранител беше од октомври 2012-та година.  Пинев беше дипломиран правник, кој претходно работеше како адвокат.

фото: сајтот на Државно правобранителство на РСМ

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати