Почина велешкиот археолог Трајанка Јовчевска

Петар Печков

Во 53-тата година од животот по кратко боледување почина Трајанка Јовчевска археолог од велешкиот Народен Музеј.  Таа пронајде редок примерок на музејски ескпонат стар повеќе од шест илјади години, кој има непроценлива вредност,  примерок кој  е редок и за светски истражувања.

Станува збор за глинена флејта - окарина, мал глинен сад откриен при археолошките истражувања во археолошкиот локалитет Мрамор.  Овој инструмент оживеа од познатиот музичар Драган Даутовски. Таца како што беше за блиските, за ова значајно македонско откритие не зборуваше многу во јавноста, оставеше другите да говорат.

Зад себе остави значајни трудови за енеолитстка куќа ,,Кале,, и некрополата од доцното бронзено железно време ,,Манастир,, како и многу други дела, кој остануваат во музејот како сведоштво на една предана работа кон професијата,  на која и го посвети целиот нејзин живот. Нека почива во мир

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати