Петар Печков
Објавено: сабота, 20 декември 2025
Седуманесет годишник од неготинско, Доне Димов, со мопед удрил во бетонски столб и починал. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 20 декември во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
фото википедија
