По шести пат се возеше велосипедската тура „Питијада 2019“ (фото)

Петар Печков

Викендот  по шести пат се одржа   рекреативна велосипедска тура „Питијада 2019“ на која учествуваа 250 велосипедисти,  повеќето  организирано преку многубројните велосипедски здруженија во Македонија или индивидуално во сопствена организација. Годинава учесниците возеа по околината на Велес, по  две патеки и тоа голема во должина од 44,19км со елевација од 775м и мала во должина од 27,43км со елевација од 427м. Организатор беше Здружението на граѓани,љубители на планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ од Велес.

По реакција на сите учесници, и оваа година временските услови, предвидената патека и целокупната организација беше беспрекорна од самиот почеток па се до крајот на настанот. Со оглед на ново настанатата ситуација во која Општина Велес ја откажа годинашната Питијада,  ние како организатори велосипедската тура  решивме и без финансиска поддршка , да ја одржиме, а со тоа да ја продолжиме традицијата  на  еден од најстарите организирани рекреативни велосипедски настани Македонија - вели Зоран Јаневски организатор на турата. 

Учесниците во неделата  се собраа на плоштад Сармаале каде беше и регистрацијата а официјалниот старт на турата беше на паркингот пред Топиллницата. Се возеше на релација Топилница – манастир Св. Петка -од левата страна на Вардар, од каде сите учесници ја возеа главната атракција на настанот – дрвен висечки мост над реката Вардар. По ова учесниците поминаа низ селото Сопот, мини пауза и посета на винарија Шато Сопот, па од таму преку Велешко езеро се упатија до село Рудник. Оттаму преку село Лугунци, локалитетот „Бела Вода“ и повторно преку „рибарскиот пат“ се до Башино село . На крај, организаторот на сите учесници им приреди забава и дружење во етно селото на Хотел Монтенегро.

Најстариот учесник беше  Ѓорѓи Јосифовски од Скопје ја извози турата на свои 70 години, а истата патека ја извози и  Ѓорѓи Пасков од Неготино кој има само 8,5 години.

Настанот  имал хуманитарен карактер. Организаторите – Велес Бајкинг решија да одвојат дел од уплатената котизација и да набават садници за пошумување на околината на неодамна опожареното  езеро Младост. Со набавените садници во текот на ноември ЗГ Велес Бајкинг ке организира акција за пошумување или пак, доколку има организирано пошумување, Здружението Велес Бајкинг и  заинтересираните учесници на турата  ќе се приклучат на тој настан. Со ова учесниците симболично сакаат да помогнат во обновувањето на зеленилото на околината на езеро Младост.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати