По 32 години Никола Стојановски повторно во републичкиот парламент

Петар Печков

За стотиот роденден, првиот претседавач на повеќе партиското собрание на Република Македонија, Никола Стојановски, беше примен од актуелниот претседател Талат Џафери. Тој му подари роденденска торта.

„Особена чест е денес да го пречекам првиот претседавач на првото повеќе партиско Собрание, Никола Стојановски и да го одбележиме заедно неговиот 100-ти роденден. На приемот со присутните сподели како работело Собранието во 1991 година и нѐ охрабри да продолжиме да работиме за напредокот на државата и идните генерации. Суштината на животот е дека постарата генерација се потпира дека младата генерација ќе стори подобро и поубаво од претходните генерации“- порача Џафери.

За потсетување дека при конституирањето на првиот повеќе партиски систем и Парламент во Македонија, на 8 јануари 1991,  како највозрасен пратеник Никола Стојановски  беше прв претседавач и ја водеше седницата се до изборот на Стојан Андов.

Случајно или не прв претседавач на првото заседание на АСНОМ во Проор Пчински на 2 август 1944,  беше исто така велешанец, . Како највозрасен таму седницата ја водеше Панко Брашнар, се до изборот на  Методија Андонов Ченто за претседател на Президумот на АСНОМ.

 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати