Прва победа за ракометарите, бод и за одбојкарите

Петар Печков

Второ пласираната екипа  од Првата женска лига во фудбал,  ФК Тиверија од Струмица со високи 0:11 на Градски ја порази екипата на ЖФК Борец. По ова 11-то коло, велешанки остануваат на  10-тото место со 10 бода. Во следното коло, претпоследно, гостуваат на екипата на ЖФК Драгон во Скопје. домаќинките се  шести со 22 бода. 

Одбојкарите на ГОК Борец загубија во тај брејк во Тетово, од екипата на Шкендија со 2:3 ( -11, 27, 25, -19, -7).  Иако досега немаа ниту сет, велешани поведоа со 2:1 но немаа сили за победа против петто пласираната екипа.  По пет кола, ГОК Борец има еден бод и е осми од девет екипи. 

Во седмото коло на првата футсал лига, екипата на КМФ Велс, дома загуби од КМФ Железарец со  3:5 и по седум натпревари остана со една победа. Во Втората футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби дома во салата Гемиџии победи со 8:2 над екипата на КМФ Биџо.

Прва радост за ракометарите на ГК Борец, кои дома во седмото коло ја совладаа екипата на РК Јехона од Гостивар со 35:34 (21:17). Така младите велешки ракометари ги впишаа првите бодови во оваа конкуренција, но останаа последни. Се играше и осмото коло во Втората лига група 2, а ГРК Борец гостуваше на РК КЛ 7 и во Скопје загуби со убедливи  39:19 (21:6). Во следното коло, дома ГРК Борец го пречекува РК Аеродром, кој е четврти со 13 бода. 

Во дербито на колото, на двете првопласирани екипи во Втората кошаркарска лига Исток, велешани доживеаја тежок пораз во Тетово од ККТФТ со 104:66, по што се симнаа на трето место.  Во следното коло го пречекуваат тимот на КК Феникс 2010 од Скопје,  кој има по една победа и пораз. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати