Прва пролетна победа за ФК Борец 1919

Петар Печков

Стадион  Зоран Паунов   во Велес

судија: Константин Влахов  од Скопје

стрелци: Баша 4`, Адили 45` (ФКБор), Митевски 17`(ФК Бел)

картони: жолт Омерагиќ  (ФК Бор);  Сулев, Каланоски, Шево  (ФК Бел)

ФК Борец 1919: Георгиевски, Адили, Баша, Ефтимов, Коцев, Мишевски, Ристовски, Стоименовски, Талаков, Трајковски, Трајков   во игра влегоа и - Омерагиќ,  Османовски, Чичевски, Ѓорѓиев

ФК Беласица: Вулиќ, Демир, Гадјуфи, Ивановски, Калановски, Калпачки, Коцев, Милушев, Митевски, Пеев, Страхиња  играа и Шулев, Милатовиќ, Трајановски, Михајлов,

Прва победа за велешани во пролетниот дел од првенството, од Првата фудбалска лига. ФК Борец славеше над фенерџијата ФК Беласица со 2:1. Уште во 4-тата минута  со голот на хрватскиот интернационалец Баша велешани поведоа, гостите израмнија во 17-та со голот на Митевски а Адили во финишот  постигна гол, кој на крајот се покажа дека е конечен резултат.  Домаќините имаа повеќе од играта, ја контролираа топката и на крајот стигнаа до радоста и трите бода.  

По ова 21-во коло ФК Борец  се искачи на шестото место со 29 бодови, колку што има и скопски Работнички. Во следното коло, викендов ФК Борец 1919 гостува во Битола на екипата на ФК Пелистер, која е осмопласирана со  25 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати