Превентивна активност за кампањата „Заштита на шумите“

Петар Печков

Во пресрет на претстојната летна сезона, СВР Велес и Шумско стопанство Бабуна од Велес, денес, недела, спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата – „Заштита на шумите“.

„Полициските службеници и нивните колеги од шумската полиција во непосреден контакт и разговор со граѓаните во повеќе места во велешко укажуваа дека шумите се нашето богатство кое што сме должни да го чуваме и заштитиме, а секое незаконско сечење на дрва е кривично дело кое има законски последици, па во таа смисла строгото почитување на законите претставува граѓанска обврска“- соопштија од МВР.

Во рамки на разговорите беше апелирано до граѓаните за потребата од внимателност и совесност, но и за потребата за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенцијата од штетите и последиците од бесправното сечење на шумите.

„Целта на проектот беше да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓани во насока на поголема одговорност и соработка со надлежните институции во откривањето и спречувањето на бесправната сеча на шуми“-  додаваат од МВР.

На граѓаните им се  делеа  едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција. 

Активноста беше спроведена од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со - Подружница шумско стопанство „Бабуна“ Велес, заедно со Шумската полиција.

 фото МВР

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати