Петар Печков
Објавено: вторник, 08 април 2025
Bо Велес беше реализирана превентивна активност „Носи кацига, вози внимателно“.
„Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, а посебен акцент беше даден на носењето на кацига, како за возачите на мопеди или мотоцикли, така и за сопатниците. На граѓаните им беше предочена корисноста од носење кацига, а членовите на мото клубовите ги пренесоа нивните искуства, пред се на младите возачи на мопеди или мотоцикли“ - соопштија од МВР.
За време на активноста бил поделени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и подароци од страна на претставниците од мото клубовите за учесниците во сообраќајот кои во целост ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Активноста е реализрана од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес и Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со претставници од Мото асоцијација на Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На возачите на мотори кои не ги почитуваат прописите за носење на кацига, од страна на полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес им беа дадени покани за сообраќајна поука, која ќе се одржи во СВР Велес.