Премиери на комедијата „Розите“ и хоророт „Последен обред“ во Киноверзум Велес

Петар Печков

„Розите“ е сатирична црна комедија, која изминатиот викенд, по премиерата во светот имаше голема посетеност. Најгледан филм во Британија и Ирска, во САД на петтото место.  Нова комична интерпретација на класиката од 1989. година, снимена според романот на Ворен Адлер. Животот е навидум лесен за совршениот пар Ајви (Оливија Колман) и Тео (Бенедикт Камбербеч), успешна кариера, хармоничен брак, прекрасни деца. Но зад фасадата на нивниот идеален живот тлее бура – кариерата на Тео вртоглаво тоне, амбициите на Ајви растат, па се потпалува искрата на жесток меѓусебен натпревар и прикриена огорченост. 

Втора премиера е за хоророт „Повикуање 4-последни обреди“ кој се најавува како најстрашната истрага на Воренови досега и дека е снимен според вистински настан.  Мислеа дека е завршено... сè додека не беа свикани Последните Обреди.  Филмот ве нурнува длабоко во темнина, каде што претците клетви, демонски сили и незамисливи ужаси се кријат веднаш зад завесата. Истражителите на паранормални појави, Ед и Лорејн Ворен, се справуваат со уште еден последен застрашувачки случај во кој се вклучени мистериозни суштества со кои мора да се соочат. 

Се прикажува и анимираниот „Лоши моимци 2“.анимираниот „Лоши момци„ дело на Дримворкс студиото.  Лошите момци се борат да најдат доверба и прифаќање во нивните новоосновани животи како Добри момци, кога се извлечени од пензија и принудени да работат „уште една последна работа“ од страна на екипа криминалци составена исклучиво од жени.  

„Фатен на дело“ акција, трилер, кое е на трето место по гледаност во светот. Исцрпениот поранешен бејзбол играч Хенк Томпсон неочекувано се наоѓа вмешан во опасна борба за опстанок среде криминалното подземје на Њујорк од 1990-тите, принуден да се снаоѓа во предавнички подземен свет какво што никогаш не го замислувал. 

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати