Петар Печков
Објавено: четврток, 07 август 2025
Четири филма на репертоарот на Киноверзум Велес, наредните седум дена. Премиерно два филма, комедија и хорор.
„Уште пооткачен петок“ е комедија со Џими Ли Кертис. Години откако Тес и Ана претрпеа криза на идентитетот, Ана сега има ќерка и наскоро поќерка. Додека се движат низ предизвиците што доаѓаат кога две семејства ќе се спојат, Тес и Ана откриваат дека гром може да удри двапати.
Aмериканскиот хорор „Оружја“ е исто така премиера. Кога сите деца освен едно од истото одделение мистериозно исчезнуваат истата ноќ во исто време, заедницата се прашува кој или што стои зад нивното исчезнување.
Се прикажува и комедијата „Гол пиштол“ со Лијам Несон, успешно навраќање на оригиналот од1988 година со Лесли Нилсен. Филмот е меѓу топ три најгледани изминатиот викенд во светот.
Четвртиот филм кој се прикажува безмалку три месеци е анимираниот на Дизни Лило и Стич.