Претседател на Советот на Општина Росоман е Ристо Јошев од Подем, го поддржаа СДСМ и Левица, ВМРО-ДПМНЕ честиташе на новата коалиција

Петар Печков

За претседател на Советот на Општина Росоман е избран Ристо Јошев,  од партијата ПОДЕМ. За неговиот избор тој доби поддршка од СДСМ и од Левица или вкупно пет гласови, со што собра за еден повеќе од противкандидатот Јованчо Јошев  од  ВМРО-ДПМНЕ, кој имаше четири.

 „Честитам за новата коалиција во нашата општина и изразувам жалење што СДСМ не предложи свој кандидат за претседател на Совет“ - кажа Јованчо Јошев.

Советот на Општина Росоман брои девет членови.

„ Се надевам и очекувам дека ова ќе бидат најдобрите четири години во работата на Општина Росоман и ќе не памтат по делата дека  нешто сме направиле, во интерес на граѓаните“ - рече Ристо Јошев.

Градоначалник на Росоман е Стојан Николов од СДСМ а во вториот круг за избор, општината имаше најголем излезеност во земјава со 82 отсто.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати