Признание за најуспешен млад земјоделец за Антонио Ангеловиќ од Лозово

Петар Печков

Признанието за најуспешен млад земјоделец, годинава  му припадна на Антонио Ангеловиќ од Лозово. Наградата е доделена од Здружението „Современо земјоделство“ на манифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“.

Земјоделското производство за Анѓеловиќ е традиција која тој ја продолжува со сериозност и одговорност која ја носи оваа професија. На 700 хектари одгледува житарки и има 15 хектари лозје, а произведува и семенски материјал.

Последните две години има купено два нови трактори, комбајн и приклучна механизација и има изградено силос и магацински простор. Тој вели дека ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее.

На манифестацијата на која присуствуваше и министерот Арјанит Хоџа, беа доделени и награди за најуспешен сточар, тутунопроизводител, полјоделец, градинар, лозар, пчелар, овоштар, рурална жена.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати