Притвор за лицето кај кое биле пронајдени 66 грама кокаин

Петар Печков

Велешанецот С.С. (49 год) доби притвор од 30 дена, откако му беше поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

СВР Велес информираше дека на 29 октомври во вечерните часови е уапсено лице кај кое се пронајдени бела грутчеста и прашкаста  материја.

По извршената анализа констарирано е дека при претрагата во неговиот автомобил марка „мерцедес“ и во неговиот дом биле пронајдени 66 грама кокаин, објавија од ОЈО Велес.

По барање на јавен обвинител од ОЈО Велес, судија во претходна постапка од Основен суд Велес му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.  

фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати