При поставување на подземна инсталација започна да се наплатува едно евро од еден метар

Петар Печков

Локалната власт воведе новина  во работата, при поставувањето на подземени инсталации, правните лица ќе плаќаат надоместок. Со одлука на Советот тоа е едно евро за еден метар.  

Целта е да се избегнат чести прекопи на улици и тротоари поради поставување на подземни инсталации од страна на Управителите на таквите инсталации и на тој начин да се врши континуирано оштетување на улиците и тротоарите, за потоа да следи нивно враќање во првобитна состојба, чии директни последици ги трпат граѓаните на Општина Велес.

Затоа ефикасно и економски оправдано е нивното поставување да се врши при изградба или реконструкција на патиштата и улиците. Но доколку тоа се бара подоцна, откако градежните ранбопти се извршени, за истото ќе се бара дозвола, а по добивањето ќе се плаќа за секој метар извршен ископ.

Обврската за плаќање на надоместокот за извршени прекопи на улици и тротоари, се однесува на сите правни лица кои за нивни потреби и по нивно  барање ќе постават, ќе поправат или ќе заменат подземни инсталации во трупот на патот и на патниот појас на општинските улици и тротоари. За поставување на подземните инсталации во трупот на патот или патниот појас, Управителот на инсталациите се обврзува да плати надоместок во висина од едно евро за секој еден метар должина од поставеното црево на подземна инсталација. Обврската за санирање и враќање во првобитната состојба на прекопаната јавна површина во делот на градежно -земјените работи без завршен слој,извршени за потребата за поставување на инсталациите е на товар на Управителот на инсталациите- прецизираа од локалната власт.

Под инсталации се подразбираат -телефонски, телеграфски и други кабелски водови, нисконапонски електрични водови, односно водови за напојување, канализација,водоводи, топловоди, други слични уреди и објекти на комунална инфраструктура.   

Општината пред започнување со постапката за вршење на реконструкција, ќе достави известувања до Управителите на инсталации дека ќе се врши реконструкција на определени улици и тротоари, и доколку истите имаат потреба да постават подземни инсталации на определените локации,врз основа на нивно барање ќе им се издаде дозвола за изведување на градежно земјени работи и вршење на прекопи на земјиштето во текот на реконструкцијата на патот или тротоарот, за што нема да се плаќа надоместок. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати