Проблемот со шахта од цветниот триаголник спpоти Пошта, закана по безбедноста на зградата

Петар Печков

Еден проблем, кој создаде сериозни последици, кои се закануваат по безебдноста на зградата на Пошта. Според информациите до кој дојде ТрМр,  од лица вклучени во решавањето на проблемот,  тој  се појавил од шахтата за канализација, која била на цветниот триаголник  спроти зградата на Пошта. 

Таа шахта при изградбата на триаголникот била покриена и за неа не знаеле надлежните иако имале 25 години стаж во ЈКП Дервен. Бидејќи била затната, водата започнала да се појавува на две шахти, едната кај семкарницата кај паркчето и втората шахта пред Пошта.

При денешното чистење на шахтата од цветниот триаголник, вработените извадија што се одредени граѓани фрлале таму со години. Поради тоа што била затната се полнела шахтата и пред Пошта и пред аптека, која  протекуваше веќе две седмици.

Таа од пред Пошта, водата се одлевала во подрумите на зградата, каде пак имало 10 киловолтен трансформатор за потребите на Телеком. Полнењето со вода, од поројниот дожд пред две седмици ги наполни подрумите и ја доведе во опасност зградата, раскажуват лицата кои имале контакт со оваа проблематика.

Била побарана помош од пожарникарите, но тие побарале да се исклучи струјата за да може да интервенираат и  црпат водата. По исклучувањето на струјата автоматски се вклучувал агрегатот. Но по цена на ризик на сопствениот живот пожарникарите влегеле и ја исцрпеле водата. Упатените кажуват дека тогаш малку требало да се случи голема катастрофа и експлозија.

Велат ако дома при некоја интервенција дојде до струен удар се слуша звук и екзплозија. Па прашуваат како ќе беше ако тоа се случеше во Пошта, кога таму има кабли кои се дебели како рака. Опасноста тогаш била по сите присути во зградата, и вработени и граѓаните кои плаќале сметки.

Постоела опасност и по телекомуникацискиот систем, па Велес ќе останел без телефонска поврзаност. Проблемот е времено решен, но останува трајно да се реши како од шахтата во цветниот триаголник до шахта до Пошта, да  се дистрибуираат отпадните води, решено е  со канавки, нема цевки и тие мора да се постават во интерес на безбедноста.

Но нивното поставување ќе предизвика проблеми во сообраќајот со прекин на улицата пред Пошта, додека се извршуваат градежните работи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати