Промовирана книгата „Неверство“ на авторката Емилија Златкова Анастасова

Петар Печков

Велешката авторка Емилија Златкова Анастасова онлајн ја промовираше нејзината книга „Неверство„ издание  на „Полица“. Делото беше промовирано во Локалната библиотека „Гоце Делчев' во Велес како организатор, а по повод празникот на жените 8 Март.

Книгата е трилер, за убиство на сопругата на локален свештеник и исчезнувањето на неговиот син, потрагата по убиецот и детето. Промоторот Ана Ѓурова кажа дека книгата ја прочитала за само два часа, поради тоа што сакала што побргу да го дознае расплетот.  

„Фокусот на романот е ставен на семејството, на нашите најмили, нашите ангелчиња-децата. А најголемиот фокус е ставен на нашата верба кон Бога. Едноставно без таа верба ние сме празни, еден дел од душата ни е толку осамена и болна што ќе си помислиме дека ништо друго не може да ја исполни и излечи. Оваа мистерија ќе ве изненади и истовремено ќе ве исполни“ рече Ѓурова.  Дополни дека авторката има лесен и читлив стил. 

Авторката Емилија Златкова Аанстасова објасни дека ова е нејзин прв трилер  а претходно пишувала други жанрови и сака да експериментира.

„Темата пораката на оваа книга е сосема спротивното од насловот на книгата е верноста, колку сме ние верни. Затоа на почеток велам не се потпирај на дрво и човек затоа што дрвото старее и гние и ако се потпреш може да се скрши и да паднеш. А ако се потпреш на човекот и човекот се менува старее и можеш да бидеш изневерен“ рече Златкова Анастасова.

Таа  досега ги издала книгите за деца и младинци  „Волшебното синџирче", поезијата  „Нов ден, нова песна", збирка драми „Поглед кон невидливото" романот за возрасни „Близнаци" и збирката раскази „Детето во снегот" збирка раскази.

Книгата може да се изнајми во велешатка библиотека.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати