Промовиран романот „Срцето на една жена“ од Јасмина Ѓорѓиева

Петар Печков

 
Во Ликовниот салон во Велес беше промовиран романот „Срцето на една жена“ од авторот велешанката, Јасмина Ѓорѓиева. Ова е нејзина петта книга, по четирите збирки поезија.

Романот ја буди заспаната човечност во секој од нас. Животот е убав и за него секој од нас треба да се бори. Овој роман ги руши ставовите и гледиштата и гради вредности - кажа Лила Арсова, која беше промотор на книгата.

Книгата  со нејзината содржина нема да ве остави рамнодушни. Во страниците на овој роман се кријат чувствата и борбата на една мајка која благодарение на љубовта кон своите деца чекори напред низ животот.

Авторот Јасмина Ѓорѓиева  досега ги издала збирките поезија „Љубовта на младите“ „Скриена игра“,„Дијалог со срцето“ и „Разбојот на соништата“. Таа објаснува  дека романот „Срцето на една жена“ е една животна лекција.

Се во животот треба да се прифати како предизвик и да се гледа убавата страна, па и на болката и на неубавите предизвици, дека секогаш може да се стигне до убавото, ако се има желба и верба - рече Ѓорѓиева.

Промоцијата на книгата беше во организација на   Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати