Пронајдени безживотни тела на мајка и син во нивниот дом

Петар Печков

Утрово мртви во нивниот стан во новиот дел на Велес близу Детската градинка кај Жаба зграда, на ул. Ѓорѓи Војтех бр.4 пронајдени се мајка и син.  Станува збор за  Катица  (79 год) и Ванчо (53 год) Манојлови. 

Нив ги немало подолго време па соседите утрово алармирале, по што пожарникарите влегле во станот, по барање на СВР Велес.  Екипа на Итната помош била на лице место и според портпаролот д-р Страхил Тодоров, констатирала смрт кај двете лица.

Соседите ги немам видено четири месеци. Старицата беше слепа и неподвижна а синот имаше психички проблеми. Не правеа белја, но немаше кој да се грижи за нив, немаат блиски во Велес - изјавија соседите.   

Додаваат дека финансиите не биле проблем за ова семејство кое било материјално обезбедено, но не и згрижено, бидејќи било од ранливата категорија.  На едниот дел од нивниот стан се забележуваат трагите од пожарот кој избил во домот, пред неколку години а се уште не беа санирани.  

Од СВР Велес го потврдија настанот вршат увид на местото, од ОЈО Велес дека телата на починатите ќе одат на обдукција.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати