Петар Печков
Објавено: вторник, 11 март 2025
Понеделникот навечер се случил инцидент во село Кочилари, кога се споменува дека имало и пукотници, но полицијата која по 17 часа од настанот излезе со информација, нема конкретна потврда дека и се пукало. Еве што соопштија од СВР Велес за инцидентот.
„На 10.03.2025 во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47 год) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се движи по него и да го следи. Според пријавеното, продолжил со движење на локалниот пат кон Велес и на излез од селото во неколку наврати слушнал звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје. Додека бегал од возилото „ауди“, на улица „8 Септември“ во Велес со неговото возило удрил во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, при што била причинета само материјална штета“- информираше Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Жителите на село Кочилараи зборуваат дека среде село чекал црн мерцедес без регистарски таблички, кој го чекал лицето кое пријавило дека е нападнат.
Полицијата најавува дека преземаат мерки за расчистување на случајот.