Разбојник од маркет на Којник го одзел дневниот промет

Петар Печков

Неделата вечер на плоштад Којник бил огребен маркет, откако сторителот со закана по   живот на вработената ги одзел парите. СВР Велес со кратко соопштение информираше за разбојништвото.


На 25.10.2020 околу 22.00 часот во маркет на плоштад „Којник“ во Велес, едно лице со закана, од касата ги земало парите од дневниот промет -соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати